Филипче: До 2018 година имаше паралелен увоз на лекови, потоа се смени законот

„Во државата имаше систем со кој не се знаеше какви лекови се даваат во државата, најмногу за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите пред да ја преземам функцијата министер. Но законот го променивме и оттогаш лековите се со европски критериуми“, рече поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на Анкетната комисија за Клиниката за онкологија.

Тој вели дека паралелниот увоз на лекови овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет, но тоа го промел во 2018 година. За прв пат била обезбедена биолошката терапија која дотогаш била недостапна и станала достапна за голем број пациенти и тоа во континуитет рече пред комисијата Филипче.

За реверсот на кој се земаат лекови тој појаасни: „Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама тоа е начин да се обезбеди терапија за сите инаку пациенти ќе останеле без лек. Системот треба да се смени, рече Филипче.

извор: novatv.mk