Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со ситуацијата во Израел.
-Во тој контекст можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, рече Османи.
Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи немаме ниту амбасада.
-Особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, немаме ниту амбасада и ќе биде многу тешко потоа да ги згрижиме нашите граѓани во услови состојбата да се влоши. Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои се во Либан, или пак планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, односно, како што рече, тие што се таму да ја напуштат државата.
Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, Османи појасни дека станува збор за брачен пар што се локални жители на Газа но имаат и државјанство на Македонија и дека државата е должна секој нејзин државјанин да го згрижи.
-Во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет. Во комуникација сме и со луѓето, и со МНР на Египет, истакна Османи.