Обвинителката Крстевска: Ја извадиле Вања и ја ставиле во претходно ископана дупка, така врзана Палевски пукал кон Вања од непосредна близина

На денешното прво рочиште за двојното убиство, обвинителката Крстевска детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска.

-Секој од обинетите имал своја улога. Таткото им помогнал со кажување кога ќерката ќе излезе од дома за на училиште. Обинетите знаеле добро дека Вања секој петок оди на втор час во училиште сама без сестрата. Дека помалата ќерка нема да оди тој ден знаел, само таткото. Грабнувачите ја чекале Вања пред влезот и ја однеле во сутерен и ја ставиле во вреќа. Ѝ кажале да не вика и ја пикнале во „цитеренот“. Попат ѝ го зеле мобилниот и го скршиле. Со Палевски се сретнале кај надвозникот кај Визбегово. Кога стигнале во местото ја извадиле Вања и ја ставиле во претходно ископана дупка. Така врзана Палевски пукал кон Вања од непосредна близина. Кога Вања била мртва ја ставиле во вреќа за спиење и ја закопале. Потоа го запалиле „цитроенот“ и заминале со „реното“ на Палевски, рече меѓудругото обвинителката.

извор: Република