Патиштата проодни низ Македонија, забрана само за тешки товарни возила кон Маврово и Струмица -Берово

Патиштата на подрачјето на Македонија утринава се проодни, а има само две забрани за тешки товарни возила, информира утринава Авто мото сојуз на Македонија.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Маврови Анови и Струмица – Берово, се наведува во информацијата објавена на нивната интернет-страница.

Се додава дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

 

амсм