Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната, ако остане данокот за транзит на руски гас

Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила одлуката на Софија да наплатува данок за транзитот на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи.

Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на нејзиниот влез во зоната на слободно движење доколку остане во сила данокот на главната рута за увоз на гас во Унгарија, се вели во соопштението.

„Јасно им ставивме до знаење на Бугарите дека ако нивната одлука опстојува и ако долго време се закануваат на безбедното снабдување со гас на Унгарија, ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген“, рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесе Хина.

Унгарија годишно купува четири ипол милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, во согласност со договорот од 2021 година.

Бугарија и Романија влегоа во Европската унија во 2007 година, но сè уште не успеале да се приклучат на Шенген зоната.

 

faktor.mk