Палевски: Од полиција го местат таткото на Вања, со него немавме никаква комуникација

Обвинетиот Љупчо Палевски во воведните зборови на првото рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски детално зборуваше за улогата на Обвинителството и полицијата во овој случај, како и за неговиот однос со таткото на девојчето, објави Република.

Тој тврди дека со Александар Ѓорчевски воопшто не се знаеле, а „камоли дека имале комуникација на денот кога е убиена“.

Александар е наместен од страна на полицијата за да се извече поврзаност меѓу него и мене, убедува Палевски.

Тој нагласува дека дупката во која беше пронајдено девојчето што укажува дека таа била „грабната за да биде убиена, а не за да биде баран откуп“.

Зорица не сака да се крие од монтирано обвинителство туку да се дознае вистината за убиството на ќерката, вели Палевски.

Таткото на Вања само кратко изусти:

  • Чустувам болка што не може да се опише. Стојам на располагање со имиња и презимиња.

извор: Република