Полицијата трага по исчезнатите девојчиња од Струмица кои попладнево се изгубија во Скопје

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња од Струмица, кои денеска околу 16 часот беа пријавени дека се изгубиле во СВР Скопје.

Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, информира МВР.

Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои биле дојдени на еднодневна посета на Саемот за книги во Скопје.

извор:МВР