(ВИДЕО) Весна Бејби го искара министерот за образование, Министре вие прочитавте бајка. Знаете ли колку деца носат ножеви на училиште?

Зборовите на актерката Весна Петрушевска која говореше на дебата за врсничко насилство станаа хит на социјалните мрежи. Петрушевска му забележа на министерот за образование Јетон Шаќири дека гледал во мобилниот додека таа зборуваше како 80 деца во анкета која ја спровела ѝ рекле дека има ножеви во нивните одделенија.

– Супер е ова ФОН што го прави, но можеби тука ќе застане. Во суштина вие сте првиот човек на нештата кои треба да ги придвижат работите. И тоа е голема одговорност. Не знам дали ве интересира. Додека вие чепкате во вашиот телефон, мислам навистина. Тоа е голема одговорност  – рече Петрушевска.

Претходно во дискусијата таа рече:

– Министре вие прочитавте бајка. Знаете ли колку деца носат ножеви на училиште? Јас во мојата актерска школа направив анкета на деца од 8 до 14 години. Сите 80 деца ми кажаа дека дека има ножеви во нивното одделение. Супер е тоа што сега ќе правите систем, ќе имате комисии, тимови, ќе се борите против врсничко насилство. Но, тоа не е од вчера. Јас мислам дека треба да почнете од децата кои имаат по 12 години и носат ножеви во школо. Никој не пишува, никој не зборува за тоа. Јас ви гарантирам дека ова што се случи во Србија ќе се случи и кај нас, јас сум секој ден во контакт со деца – рече Петрушевска.

Министерот Шаќири одговори и зборуваше за одговорноста на институциите. Тој спомна и дека родителите се  најодговорни во овој процес.

– Некои од зборовите ми се допаднаа, некои не. Без разлика на тоа што го кажав, таа бајка да биде таква каква што ја замислуваме сите. Сакам да зборувам и за институцијата семејство и родител. Сите треба да придонесеме за тоа, родителството затоа го спомнувам. Училишната чанта е место кај што треба да стојат книгите и тетратките – вели Шаќири.

– Родителот мора да има одговорност и да провери што има. Како мал носев топка за голф со која мислев дека ќе играм фгудбал, но ме искараа родителите затоа што знаеја дека со неа можам да повредам некој со неа. Ова го кажувам затоа што семејството како институција има голема одговорност во целиот процес – истакна Шаќири.

 

plusinfo.mk