(ВИДЕО) Пендиков доби бугарско државјанство

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков.

Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарската држава и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.

Го нарече Пендиков храбар млад човек кој и покрај провокациите останал верен на бугарската самосвест и идентитет.

„Сите ние треба да го чуваме државното достоинство на Бугарија. Секој граѓанин на Европа има право на својот идентитет – да зборува за него и да го заштитува. Очекуваме од Северна Македонија да ги признае правата на Бугарите во свопствената држава“, рече Јотова.

Пенидков, е родум од Охрид. За јавноста непознат додека не беше натепан, инцидент кој потоа беше политизиран. Како причина беше наведено дека е тоа што Пендиков се декларира како Бугарин, а се зборуваше дека тој имал нерасчистени сметки со напаѓачите. Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“.

Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

 

press24.mk