Основниот кривичен суд Скопје дозволи повторување на судската постапка за приведениот поранешен прв цариник Драган Даравелски. Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје во март 2008 година, по што стана правосилна, но Даравелски не заврши во затвор зашто беше во бегство, објави: slobodnaevropa.mk.
Судот соопшти дека по разгледување на барањето на одбраната на Даравелски, ги разгледал судските списи и донел решение со кое барањето го третира како основано, а причина за тоа е што на осудениот му се судело во отсуство.
Скопското обвинителство се жалелно, но Апелација ја потврдила одлуката на судот за која денеска ќе биде известен и затворот Идризово.
На 10 јануари, тој беше приведен на граничниот премин Табановце, на влез во Македонија, по што беше однесен во затворот Идризово.
Текстот во целост: slobodnaevropa.mk