Докторот Сашко Јовев за “Канал 77”: Не ми понудиле, но би прифатил да бидам министер за здравство

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната Кардиохирургија.

Тој денеска гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потсетувајќи се на формирањето на државната кардиохирургија за што преговарал две децении пред и официјално да биде формирана.

Во емисијата Јовев истакна никогаш не му било нудено да биде министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го стави целиот свој капацитет на располагање и би сакал тоа да биде.

-Не ми било никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање. Значи да, би сакал, рече Јовев.

 

извор: brif.mk