(ВИДЕО) Ламбе со „Оган да го гори“ е првата нумера од пректот „Македонијо во срце те носиме“

„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата песна од големиот музии проект со патриотски песни. „Македонијо, во срце те носиме“.

Песната е дело на Војо Стојаноски и е оригинално изведена од Гоце Николовски, кој е потпишан на текстот.

Звуците на зурла, кавал и гајда се во изведба на Гоце Димовски, а на тапан го слушаме Трајче Ристов.

Сите препеви од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ се во аранжман на Никола Мицевски.

Иницијаторка и идеен творец на проектот е Бојана Скендеровски. Станува збор за обработка на 12 патриотски песни во ново руво, кои ќе бидат испеани од популарни музичари, а најавен е и музички караван низ земјава, со цел да заживеат патриотските песни помеѓу помладите генерации. Дел од ,„Македонијо, во срце те носиме” ќе бидат и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Александар Тарабунов, Мина Блажев и други.