Франција: Усвоен Предлог-закон за согласност од родителите за децата при користење социјални мрежи

Франција усвои Предлог-закон со кој се бара малолетниците под 15-годишна возраст да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи, јавува Анадолу.

Предлог-законот е усвоен во Сенатот едногласно.

Платформите на социјалните мрежи ќе треба да користат систем за верификација на возраста на корисниците и за тоа дали малолетниците имаат дозвола од своите родители.

Платформите што не ги почитуваат правилата може да бидат казнети до 1 отсто од нивниот вкупно остварен профит на светско ниво.

Родителите ќе можат да бараат платформите да ги суспендираат профилите на нивните деца на социјалните мрежи.

За да стапи во сила законот треба да се објави во Службен весник.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.