Еден сведок не се појави на денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче

Сведокот Гоце Трајковски кој заедно со таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски ги собирале и гледале снимки по нејзиното грабнување, денеска требаше да сведочи, но не дошол во суд.

Обвинителството не успеало да го обезбеди, а неговата мајка рекла дека имал паничен напад и висок крвен притисок.

Пред судот сведочат родителите на Ѓорчевски кој е обвинет за помагање.

Инаку, во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

 

 

skopjeinfo.mk