Две сестри македонки, освоија злато и сребро по ритмичка гимнастика во Германија

Македонските девојчиња Илина(16) и Ева(13) донесоа злато и бронза за Германија. Двете сестри Македонки, кои живеат во Германија, го освоија првото, односно третото место на турнирот по ритмичка гимнастика во републичките наптревари.

Успехот е поголем што Илина и Ева со нивните години се натпреваруваат во поголемите класи. Ева, која има 13 се натпреваруваше во класа до 15 годишна возраст, на турнирот во германското градче Падерборн и по четврти пат го освои првото место. Додека Илина, која има 16 години на турнирот во Бохум го освои третото место. Токму поради овој голем успех двете се квалифицира во полуфиналето на Германија кое ќе се одржи на 29 и30 овој месец.

Илина, која веќе има и интернационална кариера се натпреварува во сениорската класа, но за разлики од изминатите години сега конкуренцијата е многу посилна, а тоа и дава дополнителен мотив.

 

skopskoeho.mk