20-годишна девојка е тешко повредена откако со „бмв“ излетала од пат

0-годишна девојка е тешко повредена во сообраќајка во тетовско.

– На 14.11.2024 во 08.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(20) од село Пирок, тетовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.О., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

skopjeinfo.mk