Мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми опојна дрога марихуана наменета за европскиот пазар. Со ова е спречен меѓународен канал на нелегална трговија со дрога. Проценетата вреднос на запленетата дрога на нелегалниот пазар е од 240 до 300 илјади евра.
➡️ Вчера во попладневните часови на излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Секторот за контрола и истраги, при вршење на царинска контрола на автомобил со романски регистарски ознаки управувано од романски државјани, во специјално направени бункери во возилото открија 64 пакети опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 60 килограми.
➡️ Дрогата и возилото се одземени, а лицата се приведени и предадени на Одделението за истраги на понатамошна постапка. До надлежното Основно јавно обвинителство против двете лица е поднесена кривична пријава и за истите е одредена мерка притвор.
извор: Царинска управа