На 14.01.2023 во 17.00 часот на ул.„Решад Џафери“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода лице од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 14.00 часот во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син (22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош.
Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
извор: МВР