МНР побара од Софија да се огради од изјавите на Џамбаски и Костадинов

МНР реагира до официјална Софија за антимакедонските провокации во Скопје од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и лидерот на Преродба Костадин Костадинов. Двајцата бугарски политичари на вчерашното одбележување на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева во центарот на Скопје упатија иредентистички пораки, а на собирот меѓудругото се скандираше дека „Македонија е Бугарска“, македонските политичари пак, беа наречени србомани. Од МНР велат дека со големо внимание ги следат ваквите изјави на како што велат одредени маргинални политички фигури од Бугарија чии провокации продолжуваат, без да се води сметка за напорите кои ги вложуваат Македонија и Бугарија за одржување на конструктивната соработка во билатералните односи.

„Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“, соопштија од МНР.

извор: МНР