DW: Румен Радев го враќа во игра ветото за С. Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев повторно во игра во враќа ветото за Северна Македонија и бара од Европската Унија мониторинг и гаранции за заштита на правата на македонските Бугари, објави DW.

„Во моментов сме во состојба на вето за членството на РС Македонија во ЕУ, бидејќи Бугарите кај нашиот западен сосед сè уште не се вклучени во неговиот Устав“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел. Иако во фокусот на вниманието на овој состанок е Украина и санкциите кон Русија, бугарскиот претседател вели дека пред Европскиот совет во Брисел кој заседава деновиве, ќе го покрене прашањето за „зголемената агресија и ескалацијата на антибугарската кампања во Република Северна Македонија“. „Во прашање се принципите на ЕУ врз кои се заснова сечие членство“, вели Радев.

Бугарскиот претседател се жали на зголемена агресија и ескалацијата на антибугарската кампања во Република Северна Македонија и најавува дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.

Текстот во целост на: DW.