Ристески: Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотребите на онкологија

Седум дена по влегувањето на полицијата на Клиниката за онкологија трагајќи по осомничени за крадењето на онколошката терапија, која била препродавана на црн пазар – надлежните не откриваат ништо конкретно. Ниту кој е вмешан, ниту колку луѓе се под истрага. Единствено се повикуваат дека истрагата е во тек, и смируваат дека одговорност ќе има, уверувајќи дека секој пациент во моментов ја добива вистинската терапија. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески вели дека не е точно дека е невозможно да се докажат евентуалните злоупотреби на Клиниката за онкологија. Според него, тоа може да се направи со едно вкрстување на базите на податоците, објави АЛФА.МК.

„Со едно вкрстување на податоци лесно може да се докажат злоупотреби на Онкологија.Тешко ми е да прифатам дека ова се случувало. Тоа политичко вработување на луѓе си го направи своето. Кога политиката ќе влезе во здравството, тогаш се случуваат вакви работи. Ревизијата беше насочена кон материјално економскиот извештај, а не кон медицинскиот. ОЈО требало уште одамна да реагира, ревизијата е изработена во 2022, а сега сме 2023 година“ – вели др. Ристески.

Дoктор Ристевски вели дека доколку КАТО-системот за контрола на терапиите на онкологија бил во функција, немало да има можност за злоупотреби.

„Ако КАТО системот функционираше ова немаше да се случи.А што прави КАТО? Во конкретниот случај на онкологија, предвидено е хемотерапијата да не се испишува како препис во два системи него во еден, во болничкиот хоспитален систем. Од таму треба да се воспостави конекција со КАТО системот, ние тука заглавивме. Затоа нормално, инженерите од Австрија се чудеа како само кај нас не фунцкионира ова“ – изјави докторот.

По скандалот со Онкологија, здравствени работници и здруженија коментираат дека без целосен ремонт и реформи во системот тешко да биде вратена довербата на пациентите во лекарите.

извор: АЛФА.МК