Усмртена мечка која излегла на патот ,од возило кое се движело по автопатот Тетово -Скопје

Возило управувано од жител на Општина Василево доцна синоќа удрило во мечка која излегла на автопатот Тетово-Скопје кај месноста Карпалак. Од силниот удар, мечката тешка над 100 килограми била усмртена, додека возачот се здобил со потешки повреди.

„Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило ‘фолксваген поло‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В. И. од Седларци, Општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата, возачот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“ информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Ова не е прва ваква несреќа на оваа сообраќајна делница. Во октомври 2021, возач од Кичево удрил во мечка која се нашла на коловозот, што исто така се случи во близина на Карпалак. Мечката била усмртена, а возачот поминал без повреди.

 

sdk.mk