Бебе било оставено само во количка среде скопски Карпош. На количката бил оставен телефонски број и претходно издадени медицински извештаи за здравствената состојба мајката на бебето.
Во СВР Скопје вчера попладне во 14:40 часот, била примена пријава за пронајдената бебешка количка. Овој случај е заведен во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата наведуваат дека веќе ја пронашле и ја лишиле од слобода 19-годишната мајка со иницијали М.С., која го оставила бебето. По целосното документирање на случајот, против неа ќе следуваат пријави, пишува во билтенот.
Младата мајка го оставила бебето со документација, но случајот веднаш бил пријавен откако напуштеното бебе било забележано од случајни минувачи.
Мајката била однесена во полициска станица за да се окријат мотивите зошто го оставила бебето на студеното зимско време.
Целосната информација на МВР за случајот:
На 19.12.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави.