Само 70 пратеници гласаа за дневниот ред на денешната собраниска седница на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот. 47 пратеници гласаа против.
Се очекува долга расправа за оваа тема, но од ВМРО-ДПМНЕ веќе најавија дека остануваат на своите ставови и дека ќе гласаат против уставните измени, следејќи ја волјата на народот.
Расправата може да трае со денови, но не повеќе од десет колку што предвидува Деловникот.
Со завршување на десетиот ден за расправа кои не мора да бидат последователно спикерот може но не мора да свика точка за гласање на потребата за отворање на Уставот. Тоа може да одолговлекува технички до последниот ден на овој собраниски состав.