Вчера во 11:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Неготинска клучка, метален предмет удрил во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки што го управувала 23-годишната А.М. од гостиварски Градец, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.
фото: Архива