Со протест пред Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска Сојузот на синдикати на УКИМ побара потпишување нов колективен договор и достоинствени плати. За покачувањето кое им е ветено од септември велат дека е минимално и не го прифаќаат.
-Владата се обидува со минимални покачувања да ги задоволи потребите. Тие покачувања одамна ги изеде инфлацијата. Денеска гледаме дека се покачи минималната плата, само ние останавме заборавени. Протестот има за цел да ѝ укаже на Владата и да прати порака дека вака веќе не може. Предлозите за минимално покачување од септември не ги прифаќаме, порачаа од Сојузот на синдикати на УКИМ.
Ако не бидат слушнати и прифатени нивните барања, следниот протест најавија дека ќе биде помасовен и пред Владата.
-Моменталните примања, реагираа претставниците на Синдикатот, се под достоинството. Како што споделија, платата на редовен професор е 39.000 денари, а примањата на ненаставниот кадар се движат од 18.000 до 25.000 денари.
видео: МИА
фото: PRTSC