Со нож убиен матичен лекар во Скопје

Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликлиниката во Железара, дознава Скопје Инфо.

Според се уште непотврдени и неофицијални информации, станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.

Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција.

Според неофицијалните информации, полициските службеници се уште се на терен.

 

skopjeinfo.mk