Орбан му честиташе на Путин за реизборот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот реизбор и покрај осудата на гласањето од страна на многу западни влади, објави унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека Орбан му честитал на Путин во писмото во кое исто така истакна дека соработката меѓу Унгарија и Русија „овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти“.

Европската унија, чиј член е Унгарија, соопшти дека изборите биле одржани „во многу ограничено опкружување, влошено и од илегалната агресивна војна на Русија против Украина“.

Според Орбан, одржувањето на дијалогот е „основен услов за воспоставување мир што е можно поскоро“.

 

slobodnaevropa.mk