Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот.
За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи,
-Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираа од Собранието по одржаната координација.
Од собраниската прес-служба соопштија и дека Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.
извор/фото: агенции