РКЕ денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

0
184

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари.

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.

– Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.

 

vesnik.com