Во градот Бајиндир во турската област Измир се отвори 25. Меѓународен цветен фестивал, јавува Анадолу.
Овој познат фестивал на цвеќето, кој традиционално се одржува повеќе од две децении, е еден од најголемите цвеќарски настани во земјата. На фестивалот се изложени различни видови цвеќиња и рози кои го привлекоа вниманието на голем број посетители.
Организаторите објавија дека посетителите и оваа година, како и изминатите, на тезгите можат да видат стотици видови цвеќиња.
Меѓународниот цветен фестивал во Бајиндир оваа година ќе трае до 28 април.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.