(ФОТО) По 11 години падна снег во Јоханесбург: Некои деца првпат видоа снегулки

Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа изненадени од првиот снег по 11 години, а некои деца за прв пат видоа снег.

 

Во делови од Јужна Африка снег редовно паѓа во зимските месеци, кои на јужната хемисфера се од јуни до август, а Јоханесбург последен пат видел снег во август 2012 година, објави Гардијан.

На социјалните мрежи, жителите на Јоханесбург го опишаа снегот што падна во понеделникот како „чиста магија“ и „прекрасен почеток на неделата“.

 

Јужно од градот во Бракенхерст, снимател на Ројтерс видел деца како прават снежни топки и снежни ангели во теренот на едно училиште.

 

Џенифер Фичет, професорка по физичка географија на Универзитетот во Витвотерсранд, за јужноафриканскиот весник „Тајмс“ изјавила дека снегот најверојатно нема да потрае и дека е предизвикан од зголемената влажност, ниските температури и студениот ветер.

 

 

nova.rs