Скапоцени предмети од Британскиот музеј на аукција на „иБеј“

Скапоцени предмети што исчезнаа од Британскиот музеј се продаваат на онлајн аукција за дури 50 долари, јави весникот „Телеграф“, пренесува Анадолу.

Британскиот музеј соопшти дека отпуштил член на персоналот и ја известил полицијата откако открил дека предмети, меѓу кои и златен накит, полускапоцени камења и стакло од 15. век пр.н.е. до 19 век од нашата ера, се исчезнати, украдени или оштетени.

Вработениот, Питер Хигс, бил куратор на грчките колекции и скулптури во музејот. Неговото семејство ги негираше обвинувањата и рече дека тој „не направил ништо“.

Неговиот син Грег изјави: „Тој не е среќен поради тоа. Ја изгуби својата работа и репутацијата, и мислам дека тоа не беше фер. Не може да е [тој]. Колку што знам ништо не недостасува“.

Тој додаде дека неговиот татко бил отпуштен минатиот месец и дека извесен период е под истрага.

Предмети во вредност од 50.000 фунти биле продавани на онлајн аукциската платформа „иБеј“, за само 40 фунти.

Експертот за скапоцени камења, Мартин Хениг, тврди дека Британскиот музеј бил предупреден за кражби уште пред неколку години, објави Скај њуз.

„Мојот колега се обиде да го пријави ова во музејот, но се чинеше дека не стигна до вистинските луѓе. Очигледно има сериозно прекршување“, рече Хениг од Оксфорскиот Универзитет.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.