Цели 17 години ја растела косата, долга и е 213 сантиметри и потребни и се 2 часа да ја исуши

0
347

Нејзината коса, според наводите денес е долга 213 сантиметри, а жената која е на почетокот од петтото десетлетие од својот живот, и не планира да ја скрати. Таа вели дека често мора да ја врзе косата во пунџа за да ја крене од подот, бидејќи ѝ е многу тешко да ги извршува секојдневните обврски со пуштената коса. За миење на косата ѝ треба повеќе од еден час, за сушење – двојно повеќе, а иако успева да ја врзе во пунџа за само десет минути, често мора да ја менува положбата на пунџата во текот на денот, бидејќи косата ѝ е толку тешка што жената често има и главоболка.

– Ако ја пуштам косата, имам проблеми речиси со сѐ што правам, па лесно и се сопнам. Не можам ни во тоалет да одам, а камоли да се пресоблечам или да седнам да јадам, вели Рин.

Таа додава и дека косата ја мие двапати неделно.

 

denesen.mk