Ново убиство во БиХ: Ја убил сопругата, па се самоубил

Во населбата Подгајеви кај Живиница, Босна и Хецеговина, маж со иницијали М.А. (1965) ја убил сопругата Ч.Т. (1971), а потоа се самоубил.

Овие фатални настани се случиле синоќа околу 21 часот.

Како што дознава порталот „Аваз“, тие живееле во вонбрачна заедница.

Мотивот за овој брутален чин, според првичните информации, е љубомора.

Невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија, каде присуствувала на свадбата на нејзината ќерка, дознава порталот „Аваз“.

По враќањето од Германија прво дошло до расправија, а потоа М.А. земал пиштол и ја убил сопругата, а потоа се самоубил. Утврдено е дека немало претходни пријави за семејно насилство.

Извор: „Аваз“.