(ВИДЕО) Земјотрес во Италија – оштетени згради, прекин на железничкиот сообраќај

Италија утрово околу седум часот ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

https://www.youtube.com/watch?v=RjiNuD7nxcM&feature=emb_title&ab_channel=C%C3%9CLTUREXYZ

Иако првичните информации беа дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, сепак медиумите јавуваат дека сепак бил со помал интензитет.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на шеесетина километри од Римини, а граѓаните сега почнале да пријавуваат оштетувања на ѕидови или згради. На социјалните мрежи кружат веќе видеа од штетите.

Италијанските медиуми јавуваат дека од претпазливост е прекинат железничкиот сообраќај на Јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините.

видео: Социјални мрежи