Спрски песни ечат во Драч – туристите се веселат

Албанските туристички дестинации летово „вријат“ од странски туристи, а особено оваа година забележано е значително зголемување на бројот на туристи од Србија.

Па така, за да им направат ќеиф на гостите, кафулињата и дискотеките коишто се стационирани на плажите честопати пуштаат гласна српска музика.

На социјалните мрежи стана вирално едно видео од плажа во Драч, а на кое се гледа како ечи песната „Еј од кад сам се родио“ од Синан Сакиќ.

Но, очигледно, ваквото однесување ги револтира Албанците, кои на социјалните мрежи веднаш удрија да критикуваат.

„Ваквите потези на албанските бизниси се чини дека се обиди за доближување до своите клиенти од Србија. Зближувањето на албанската и српската култура очигледно се резултат на блискоста на српскиот и албанскиот премиер Александар Вучиќ и Еди Рама“, коментираше Албанка од Куманово која деновиве ги минува на одмор во Драч.

 

 

plusinfo.mk