Република: Членовите на работната група за подготовка на новиот КЗ не знаеле за измените што се во собраниска процедура

Од тројцата членови со кои разговаравме, само професорката од Правниот факултет, Александра Деановска, прифати да даде официјална изјава и дозволи да ја цитираме, пишува на својот фејсбук профил професорката на Правниот факултет Ана Павловска Данева.

Сo предложените измени на одделни службени кривични дела и за делото злосторничко здружување кои во моментов се во собраниска процедура, јас како член на работната група за подготовка на новиот Кривичен законик лично не сум запознаена. Единствените предложени измени во чија изработка сум учествувала се оние од нацртот на новиот Кривичен законик објавени на ЕНЕР во јули 2022 година. Во нацрт-верзијата од јули минатата година се ревидира делото од ставот 5 од членот 353 и се издвојува како дело во посебна одредба – Злоупотреба при јавни набавки’, вели професорката Деаноска.

 

извор: Република