Руанда: Приведен сериски убиец кој телата ги криел во кујна

Во Руанда е приведен наводен сериски убиец одговорен за убиството на најмалку 12 лица, објавија власта и локалните медиуми денес, јавува Анадолу.

„Осомничениот (34), кој е приведен во Каномбе, предградие на главниот град Кигали, наводно убивал луѓе и нивните тела ги фрлал во масовна гробница во кујната на својата изнајмена куќа“, соопшти Тиери Мурангира, портпарол на Истражното биро на Руанда.

„Прелиминарната истрага покажува дека осомничениот ископал дупка во својата кујна, каде што ги закопувал телата на своите жртви, но точната бројка на жртвите ќе се знае по истрагата“, рече Мурангира за Анадолу.

„Осомничениот им рекол на истражните органи дека своите жртви, жени, ги намамувал во барови, ги силувал и им ги одземал мобилните телефони пред да ги задави“, информираше Мурангира.

Според вестите објавени во локалните медиуми, можно е осомничениот да убил 12 лица до моментот на неговото приведување.

Емануел Низејимана, претставник на локалната власт, изјави дека осомничениот претходно бил приведуван поради кражба на пари и мобилни телефони.

Августин Шјирамбере, сопственикот на куќата во која живеел серискиот убиец, рече дека осомничениот ја изнајмил куќата во април 2022 година.

Тој додаде дека осомничениот до приведувањето доцнел со плаќањето на киријата за околу 7 месеци.

Извор:Анадолу.

фото:Анадолу.