10 дена грозоморието на Онкологија ја тресе државата, а нема никаков резултат.
Мафијата си оди на работа веќе 10 дена, КАТО системот се уште стои исклучен, 10 дена доктори, сестри, вмешани, може да повторат делото.
10 дена се кријат имињата, се остава да се влијае врз случајот, се остава да се забошоти случајот, да се избрише во времето, да се остави да се влијае врз докази и да се заплашат сведоци, истакна портпарлот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продлжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
10 дена нема ништо, сакаат случајот Онкологија да заврши како што заврши случајот со модуларната или со Беса транс, без вистинско решение.
10 дена само празни флоскули за правда затоа што одговорноста лежи кај партиските кадри избрани да спроведуваат партиски насоки.
И во овие 10 дена грозоморниот криминал, можеби уште тече на Онкологија!?
Власта, СДС, ДУИ, нивните сателити, имаат јасна одговорност за исклучувањето на КАТО системот, одговорност за мафијашка структура на Онкологија за кражба на лекови, одговорност за учество во трговија со лекови на црниот пазар, одговорност за кратење на лекови на пациенти, одговорност за лажни списоци на пациенти, одговорност на директор кој што извадил лажна дијагноза за член од семејство, одговорност за враќање на работа на лице фатено во кражба на цитостатици на Онкологија, и се што се не плус.
И со тоа, одговорност како лица од оваа структура се уште се дел од Онкологија – универзитетска клиника!?
Почитувани,
Направена е штета на буџетот – скапи лекови и терапии не завршуваат кај пациенти, туку се крадени и препродавани, направена е грозоморна штета врз пациентите – не ја добивале потребната препишана терапија, биле лажени за тоа, барани се пари за лекови кои што државата ги купила од буџет!
Почитувани,
Неказнивоста на грозоморен криминал креира ново криминално грозоморие!
Нема вистинска разрешница за пожарот во модуларната болница.
Нема разрешница за Беса транс, нема за Ласкарци, нема за вадени органи во нелегална ординација…
А, зад се ова стои СДС, ДУИ, нивни сателити, спонзори, партнери во криминалот!
Одговорност мора да има, и ќе има по смена на власта!
Извор: ВМРО ДПМНЕ