Приведено лице кое со автомобил сакал да удри во градоначалникот на Гази Баба, Стефковски

Вчера бил приведен Б.Б. од Скопје, постапувајќи по пријава на Б.С. од Скопје, градоначалник на општина, дадена во 17.00 часот, според која на ул.„Архимедова” патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, се обидело да удри во патничко возило „пасат”, во кое Б.С. се превезувал, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Според иницијалите, најверојатно се работи за градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

plusinfo.mk