По долго боледување, вчера во Скопје почина проф. д-р Зоран Сулејманов, поранешен судија на Уставен суд.
Сулејманов е роден во Битола во 1953 година. Основно училиште и гимназија завршил во Ресен. Во 1976 година, дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во 1990 година и докторирал.
Од 31 мај 2003 година до 31 мај 2012 година беше судија во Уставниот суд. Во 2013 година беше избран за член на Советот на јавни обвинители.
Погребот на проф. д-р Сулејманов беше извршен денеска на градските гробишта во Бутел.
мкд.мк