Лидија Марковиќ (23), козметичарка од Никшиќ победи на натпреварот за излежување кој се одржува во Црна Гора. Таа 50 дена се излежуваше. Наградата е 1.000 евра.
„Дојдов да уживам, да се одморам. Се трудев да победам“, рече таа.
Лидија рече дека не се натпреварувала за пари. Секој ден ѝ доаѓале родителите и нуделе 1.000 евра само таа да стане, но девојката била упорна.
„Не сум тука за тоа, туку за да победам. Ова е психолошка игра. Воопшто не е за пари“, објаснува победничката.
Повеќе од 10 години се одржува овој натпревар. Оваа година меѓу натпреварувачите имаше и Руси и Украинци.
faktor.mk