Новак Ѓоковиќ за првпат застана на насловната страница на „Вог Адриа“

Фотосесијата со легендарниот тенисер е насловена „Најдобриот на сите времиња“, а за неа се погрижи фотографот Бранислав Симончик.

Ноле позираше во дизајнерски парчиња облека од Lacoste.

Во интервјуто за списанието, успешниот Србин беше запрашан дали се чувствува како модна икона со оваа насловна страница, а тој одговори: „Не се чувствувам како модна икона, но денес многу уживав и му благодарам на тимот на Вог што направи да се чувствувам како модна икона.“

 

femina.mk