(ФОТО) Свадба од 300 милиони долари на синот на најбогатиот Индиец

Викендов, целиот свет ја следеше свадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант, која се одржа во Мумбај.

Три дена траеја спектакуларните свечености по повод стапувањето во брак на синот на најбогатиот Индиец и неговата избраничка. Убавата невеста и нејзиниот сакан носеа гламурозна облека од Abu Jani Sandeep Khosla.

Претсвадбените забави започнаа по нивната свршувачка во декември минатата година, а завршија со свадбата на 14 јули. Семејството Амбани издвои 300 милиони долари за главните свечености, а уште толку беа потрошени за настаните пред свадбата на кои настапуваа ѕвезди како Ријана, Кети Пери и Џастин Бибер.

Листата на гости вклучуваше 5.000 лица меѓу кои беа и Пријанка Чопра и Ник Џонас, Ким и Клои Кардашијан, Џон Сина и Борис Џонсон со семејството. Цветни инсталации изработени од по 100 илјади цвеќиња ја красеа салата во која младенците си ги разменуваа заветите.

„Вог“ го доби ексклузивното право да пренесува од свадбата.

Радика сподели дека накитот кој го носеше на вратот е семејно наследство.

„Јас носев истата огрлица кое го носеа сестра ми и тетките на нивните свадби и вистински верувам дека ми даде специјална сила и благослов“ – изјави таа за „Вог“.

Радика вели дека е пресреќна што стапи во брак со својот најдобар пријател.

„Многу долго време бевме пријатели, а сега, конечно го започнуваме нашето официјално патување како брачна двојка. Со нетрпение очекувам да видам што ќе ни донесе нашиот заеднички живот“ – рекла таа.

 

femina.mk