ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 12 декември

1642 Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава.

1963 Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.

1979 НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа.

1997 Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари.

1997 Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија