ВМРО ДПМНЕ; Белосветскиот криминалец Черепот, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија, зошто ЈО се уште молчи и не отвора истрага?

0
305

Белосветски мафијаш од Бугарија, Васил Божков Черепот влегува во бизниси во Македонија.Првиот вицепремиер Артан Груби, на владина седница носи одлука за распишување на оглас за формирање на три нови правни субјект, помеѓу Лотарија на Македонија и привитни фирми, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Откако Лотарија на Македонија, чиј директор е и шеф на кабинет на Груби распишува оглас тоа го прави сите спецификации да одговараат на фирмата на Черепот, 8888.бг. Черепот кој во моментот е во притвор е белосветски криминалец, со бројни кривични дела, кој се наоѓа на црната листа на САД, и близок пријател на Пригожин и Русија.Само во држава како Македонија и криминална влада на СДС и ДУИ, лице кое е на црната листа на САД и е во притвор може да биде бизнис партнер на Груби.Ова ли се европски вредности за кои се залага владата на СДС и ДУИ?Европска вредност ли е за Груби белосветски кримоналец да се направи бизнис партнер?Зошто ЈО наместо да отвори истрага и да испита зошто и како Лотарија објавила оглас и спецификациите ги усогласила според фирмата на Черепот, се уште молчи.Чиј интерес штити ЈО? Вечно нема да бегаат од одговорност.Важно е дека со промена на власта, следува целосна истрага и одговорност.

извор: ВМРО ДПМНЕ