Нов силен земјотрес во западен Авганистан

0
123

Силен земјотрес го погоди западен Авганистан утрото на 15 октомври, во истата област каде што минатиот викенд серијата силни земјотреси оставија повеќе од 2.000 жртви.

Според досегашните информации едно лице загинало, а 35 се повредени.

Американскиот геолошки институт ја процени јачината на новиот земјотрес на 6,3 степени, а епицентарот бил во близина на западниот град Херат.

Епицентарот на првиот земјотрес на 7 октомври бил на околу 40 километри северозападно од Херат, кој има 700.000 луѓе во градот и неговата околина.

Следеа неколку големи последователни потреси, при што талибанските власти соопштија дека најмалку 2.000 луѓе загинале во тие потреси.

Светската здравствена организација го процени вкупниот број заболени по овие земјотреси на повеќе од 11.000.

извор: slobodnaevropa.mk