Во вечерашната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на изјавите на Никола Груевски за тоа дека многумина се „плашат“ од неговото враќање истакна дека таа тема е затворена за сега а се до сега што се кажа, излезе точно, но со измените на кривичниот законик и паѓањето на предметите на Мијалков и кривичните предмети Мијалков и „плукнал“ на правдата во лице.
„Ние на таа тема што имавме да кажеме кажавме, сега за сега, и тоа што го кажавме досега сето излезе вистина. Едно е да демантирате друго е да ги видите фактите. Се случија измени на кривичен законик но исто така се случуваат и иницијативи до врховен суд на Сашо Мијалков му паднаа затворските предмети и кривичните предмети, па направи свадба од милион евра веројатно за да прослави што само по себе е плукање во лице на правдата, немам друг израз да употребам и се гледа дека тој договор со ДУИ функционира но таа тема ние ја затворивме затоа што тоа што го презентиравме излезе точно“, истакна Николоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ