Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски денеска ја посети општината Свети Николе по повод големиот празник Тодорова сабота, при што медиумите го запрашаа за став околу новото видео обраќање на Димитар Ковачевски.
„Тоа се два паралелни света, едниот каде што огромно мнозинство македонски граѓани живеат, а тоа е оној свет каде што луѓето едвај крај со крај врзуваат од први до први. И оној каде што малкумина послушници на заевизмот во кој што прв е сега Ковачевски живеат и кој што нормално печалат на грбот на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека едниот свет е реалниот свет, а другиот свет е на послушниците на заевизмот.
„Едниот свет е реалниот, а другиот свет е оној паралелниот во кој што овие граѓани живеат во заевизмот, а ги предводи во моментов раководителот на тој проект на заевизмот, а тоа е граѓанинот Ковачевски“, појасни Мицкоски.